Маричиќ: Напад врз новинар, ќе биде напад врз службено лице

//

Во иднина нападот врз новинари ќе се третира како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни и за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше големо барање на Здружението на новинари, чии претставници активно учествуваа во работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот закон, соопшти денес на прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој посочи дека Владата на денешната седница усвоила повеќе измени и дополнувања на Кривичниот законик, а првите се однесуваат на новинарите. Со тие измени, нагласи тој, се предвидуваат конкретни новини со кои во нашата држава значително се зголемува безбедноста на новинарите, но и медиумските работници, односно снимателите и фоторепортерите. Министерот Маричиќ очекува овие законски измени кои веднаш, како што рече, ќе бидат проследени во Собранието, да бидат усвоени во септември.

Со овие измени, потенцира Маричиќ, ставаме крај на праксата за неказнивост на насилствата врз новинарите и кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичката и институционална одмазда поради професионалното извршување на својата работа.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Сребрен медал за Македонија на Олимписките игри, Георгиевски поразен во финалето

Следна статија

39 новозаразени пациенти со Ковид-19 регистрирани во последните 24 часа

Најново од Вести