Маричиќ за „Политика“: Нема никаква шанса за асимилација, бугаризација ниту пак територијална претензија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во интервјуто за српска „Политика“ изјави дека државнички и одговорно одговори Владата на сите предизвици со кои се соочуваше во текот на дијалогот со Бугарија и Европската Унија и дека во сите документи, кои беа јавно објавени, вклучувајќи го и Протоколот, успеа да го заштити македонскиот јазик и идентитет.
– Нема никаква шанса за асимилација, бугаризација ниту пак територијална претензија. Напротив добивме еден европски предлог кој овозможува да ги започнеме преговорите со Унијата веднаш, со заштитен македонски јазик и идентитет, а истовремено имаме и компромисен документ кој ќе ни овозможи, во веќе утврдена рамка на обврски за двете страни, побрзо да ги надминеме отворените прашања со Бугарија, вели Маричиќ.
Во интервјуто за „Политика“ вицепремиерот за европски прашања Маричиќ вели дека иако нашиот пат кон Брисел беше тежок и пол препреки и предизвици успеаа да ја потврдат европската иднина на земјата, донесувајќи историска одлука со која Македонија ја започнува трката за членство во Европската Унија, и заедно со Србија и Црна Гора стануваме држава која преговара.

