|

ПЕТ КРИМИНАЛЦИ ПРИВЕДЕНИ ОД ЕВР ЧАИР

Пет лица барани со потерница се приведени вчера од полициски службеници од ЕВР ОКР Чаир при СВР Скопје.

Од МВР денеска соопштија дека се приведени: Џ.М. (25), А.И. (18), М.Ш. (26), Е.И. (18) и С.Р. (20), кои биле предмет на потрага како сторители на кривични дела по чл. 236 и 140 од Кривичниот законик на РСМ.

Приведените, се наведува во соопштението, се спроведени до надлежните органи кои трагаа по нив.

Слични Објави