|

ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО РОМАНИЈА, НАЈМАЛКУ 10 МРТВИ

Најмналку 10 лица загинале во пожар кој се случил во сабота на северот на Романија. Пожарот зафатил болница во која се лекуваат и пациенти заболени од коронавирус.

Од службите за вонредни ситуации на северниот регион Неамт е соопштено дека пожарот избил во одделот за интензивна нега, пренесе „Ројтерс“.

„Асошијетед прес“ претходно јави дека оганот зафатил две соби од болницата во која се лекуваат 19 пациенти заболени од Ковид-19.

Од романската служба додаваат дека се верува дека меѓу загинатите има пациенти има заболени од Ковид-19.

„Ројтерс“ наведува дека пожарот е изгаснат и дека за сега не е познато од што е предизвикан.

Слични Објави