|

Велика Британија е подготвена да испрати војници за заштита на воздушниот простор и на пристаништата на Украина

Велика Британија е подготвена да испрати свои војници во Украина за заштита на воздушниот простор и пристаништата, но не и за ангажман на самиот фронт. Ова го соопшти началникот на британскиот Генерален штаб за одбрана, адмирал Ентони Радакин, јавува The Guardian, пренесува Фокус.

Според весникот, Радакин денеска ќе присуствува на состанокот на министрите за одбрана во Пентагон, каде што ќе ја потврди подготвеноста на Обединетото Кралство да испрати војници кои ќе обезбедуваат заштита на украинското небо и море. Дополнително, Британија ќе ангажира војници за логистичка поддршка и за обука на украинските сили.

Првично се разговараше за можноста да бидат распоредени до 30 илјади војници за заштита на украинските објекти, но бројката била намалена поради отпорот на дел од европските земји.

Истовремено, претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека целосно ја исклучува можноста за испраќање американски војници во Украина како дел од безбедносните гаранции, но разгледува потенцијална воздушна помош.

Слични Објави