МАСКА ЗА ЕСЕНСКА УБАВИНА НА КОЖАТА
Есента е прекрасна сезона во која ги собираме плодовите на летото. Искористете ги нејзините корисни подароци и вклучете ги во вашата рутина за убавина. На кожата треба да и се посвети посебно внимание во есен за да биде здрава, жива и убава.
Маска од тиква
Тиквата е многу богата со витамин Ц и цинк – моќни антиоксиданти кои ја враќаат здравата кожа, се борат против стареењето и брчките. Содржи изобилство на витамин А, кој има лековити својства за кожата, правејќи ја здрава, еластична и длабоко негувана.
Состојки:
1 лажица пире од тиква;
1 лажичка мед;
½ лажичка свежо млеко.
Измешајте ги сите состојки. Нанесете на чиста и сува кожа. Почекајте 20 минути. Потоа измијте со топла вода.