МАСОВНА ТЕПАЧКА КАЈ ВИНИЧКО ЈАКИМОВО- ДВАЈЦА СЕ ВО БОЛНИЦА

Вести Истакнато Македонија

Вчера шоферски инает предизвика масовна тепачка пред виничкото село Јакимово и испрати две лица во болница. Едното заврши во Штип со убодна рана во натколеницата, а другото на Клиниката за неврологија во Скопје со повреди на главата и потрес на мозокот.

Најмалку шест лица мавале еден на друг и тоа само за тоа што едниот од нив, не сакал да ја помести паркираната сканија за да поминат два други камиони.

Откако возачите на камионите побарале од возачот на сканијата да се помести за тие да го продолжат патот, тој ја отворил кабината на едниот од нив, од вратата извадил шрафцигер и му го забол во ногата. Потоа настанала тепачката на која освен возачите се придружиле и жители на Јакимово.

Поголема ескалација спречиле селаните кои повикале полиција, по што тепачите се раздвоени, повредените хопситализирани , а најсилните приведени. Истрагата за случајот е во тек.

Извор: Каменица.мк