Матичните лекари против одлуката на комисијата за заразни болести

/

Остра реакција на матичните лекари по одлуката на Комисијата за зарзни болести тие да дежураат во новите пет ковид амбуланти кои треба да бидат отворени од нареднава недела.

Од комората на приватно здравство велат дека матичните лекари се доктори вработени во приватни здравствени установи, а не во јавно здравство, поради што и нема правни можности да им се наметнуваат обврски.

„Ја повикуваме Комисијата да објави оглас на кој ПЗУ-и од општа медицина кои имаат волја да дежураат во ковид амбулантите, ќе можат да се пријават, а соработката ќе биде регулирана со соодветен договор кој ќе биде склучен со здравствената установа и во кој ќе бидат наведени договорните обврски и услови за двете страни. Во таа насока во огласот, односно договорот, јасно треба да се дефинира платата, надоместокот кој ќе се добива за ангажманот во ковид амбулантата, по примерот на плаќање на дежурствата во јавните здравствени установи, кои се регулирани со Колективен договор и Закон за работни односи“, велат од Сојуз на стопански комори на Македонија.



Инаку од Комисијата за заразни болести епидемиолошката состојба во државава ја оценија како стабилна, а притисокот останал на матичните лекари. Па според тоа решение би било работа во две смени од 7ипол наутро до 7ипол навечер во нови 5 амбуланти во Скопје, а тие да бидат сместени во ноќните служби на поликлиниките „Идадија“, „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“ и „Ѓорче Петров“.



Претходна статија

Се пријавил за 5 работни места под 3 различни националности – бил Ром, па Турчин, па Македонец

Следна статија

Измамена кавадарчанка: И рекле да вложи пари во странска банка и ќе добие милион долари

Најново од Вести