МАЖОТ КОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ИМАШ!

Тој стои пред тебе и повторува „Те сакам“, но тој навистина сака „да те сака“ само од далечина… Постојат типови на мажи кои никогаш нема да бидат твои. Вината не е во тебе, туку во нив…

Мажот-женкар
Постојат многу текстови полни со совети како да се „скроти“мажот- женкар. Ова не може да се случи, бидејќи таквиот маж има постојана потреба за себе-откривање и за нова „жртва“. Ако сте „влегле“ во животот на ваков човек веројатно нема да бидете и единствена. Секогаш постојат исклучоци и секоја чест за тоа но сепак не ја заборавајте поговорката „Волкот крзното го менува, ама карактерот не!“

Оженетиот маж 
Тој ќе ви кажува она што сакате да го слушнете! Романтични вечери со свеќи, страсни моменти и сјајни ветувања – звучи како романтика од 5 ѕвезди. Се ќе биде „во ред“ се додека вие не разберете дека сте таа  ДРУГАТА  и не го поставите прашањето: „Јас или таа?“ Вистината е дека тој е со вас, бидејќи на некој начин се намалила страста помеѓу него и неговата сопруга. Тој е женетиот маж кој живее двоен живот и кој лицемерно ви кажува дека ВО МОМЕНТОТ не може да се разведе од својата жена … Сценариото натаму е јасно: тој ви дава ветување дека по некое време ќе биде само ваш, а вие сте во чекање да дојде тој ден. И ништо не се менува … месеци, години, вечност!

Мажот- ерген
Тој  нема да ги промени своите навики за ништо … дури ни за вас! Тој го сака својот секојдневен живот таков каков што е. Тој не може да прифати обврски ниту новитети во својот живот. Ваквиот маж сака да биде вечно слободен! Вие за него сте само привремена убавина која би носела шареноликост во неговиот живот.

Мажот опседнат со поранешната девојка
Да има и такви мажи кои живеат во минатото! Тие се опседнати со сенката на нивната поранешна девојка. Тие не сакаат да го признаат тоа, но тоа е видливо. Што и да направите за него, тој нема да се промени ќе остане да живее во минатото. Луѓето велат: „Времето лечи сѐ“, но никој не кажува колку е тоа.

Постојат уште неколку типови на мажи, за кои може да бидете на второ место: мажот-работохолик, или мажот-мамино синче, но ако ве сака вистински, сѐ може да се среди и надмине. Важно е да се има дијалог и заеднички компромиси!

Слични Објави