| |

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: ЌЕ СЕ ВИКАМЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И ЌЕ ЗБОРУВАМЕ НА МАКЕДОНСКИ

Во договорот кој ќе го потпишат македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе стои дека договореното име за „ерга омнес“ е Република Северна Македонија со превод на англиски (Republic of North Macedonia).

Грчките медиуми, весникот Еифемерида и Радио 24/7, пишуваат дека ќе следува и промена на Уставот во нашата земја.

Јазикот ќе биде македонски со фуснота дека е дел од словенската група јазици, а придавката „македонско“ ќе се користи и во графата за државјанство каде ќе пишува Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.

Кога се во прашање уставните промени, од Уставот ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави… (целиот напис прочитајте го овде)



Слични Објави