| |

МБП: МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ПОСЕДУВААТ БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО БУГАРИЈА

Добре Митрев, претседател на здружението Македонско-бугарско пријателство- Скопје, соопшти до медиумите дека сите македонски граѓани кои поседуваат бугарско државјанство можат да се вакцинираат во Бугарија.

„Почитувани,
Македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство и имаат намера да се вакцинираат против Ковид-19, тоа можат да го сторат преку  COVID-19 Регистрация за ваксинация : НЗИС (https://his.bg) каде што можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање. Потребен е негативен тест издаден од овластените здравствени установи во Република Македонија“, соопшти Добре Митрев, претседател на МБП.

Слични Објави