ТЕЛЕФОНИСТКА ОД ПОЛИКЛИНИКАТА ЧАИР Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19
Вработена во Поликлиниката Чаир е заболена од коронавирус и веднаш е ставена во изолација, по што е извршена дезинфекција на објектот. Информацијата е потврдена од директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.
Директорот додава дека досега во Здравствен дом Скопје со коронавирус се заразени вкупно четворица вработени, една телефонистка од Поликлиниката Чаир, медицинска сестра од Поликлиниката Ченто, возач на Итната медицинска помош, како и медицинска сестра од домашната посета. На сите лица им е одредена домашна изолација и им е земена епидемиолошка анкета.
Исјановски вели дека дезинфекција е извршена и во останатите поликлиники, како и во Итната медицинска помош, а одлучено е вработените во Домашна посета покрај останатата заштитна опрема да носат и скафандери.

