ЖЕНИ НЕ МОЛЧЕТЕ!

//

Како луѓето ги решаваат своите проблеми? Дали мислите дека со добар разговор и сослушување на партнерите меѓу себе е подобар начин на решавање на проблемите, или пак со помош на употребување сила или психичко малтретирање? Секако, сите би одговориле со разговор. Но, колку од нас го практикуваат овој начин?

Во денешно време се повеќе се среќаваме и слушаме како мажот физички ја малтретирал својата жена бидејќи не зготвила ручек затоа што сакала да се поигра со своите деца и да им посвети повеќе внимание, или зошто не се јавила на телефон кога ја барал… Но се повеќе и повеќе се среќаваме со случаи каде младите девојчиња се изложени на физичко и психичко малтретирање бидејќи нивните дечковци се повеќе од потребно љубоморни и им немаат доверба.

Дали машкоста се мери со кревање рака на понежниот пол? Дали пред да кренете рака на својата жена или девојка размисливте дека утре може да ви се случи истото на вас, односно на вашата ќерка. Како би се чувствувале кога ќе дознаете? Дали ќе ви е сеедно? Секако дека нема, нели?

Машкоста не се мери и не се искажува со насилство, разберете. Сите сме слушнале од постарите дека мажот е создаден посилен од жената за да може да ја чува и да ја заштитува. Жената е создадена да биде дама, да се чува, да и се посветува внимание, да се заштитува, да се чувствува сигурно покрај мажот што е до неа. Жените не треба да се повредуваат ниту физички ниту психички. Со насилство не се постигнува ништо. Ако мажот еднаш крене рака на жена, уште сто пати ќе крене. Таквото однесување преминува во навика. За такво однесување нема оправудвање.



Жени освестете се. Жени сме. Треба да се почитуваме самите себе, да ја знаме сопствената вредност и да не дозволиме некој лошо да се однесува со нас. Секојдневно, многу жени се соочуваат со физичко насилство, но од страв не превземаат ништо. Со премолчување не си помагате самите на себе. Само си отежнувате и ги повторувате истите изговори секојдневно. Со пријавување ќе се крене свеста кај жените кои се изложени на физично насилство и ќе бидат заштитени на соодветен начин. Никој никого нема право да повредува бидејќи никој не е ничија сопственост. Маж кој кренал рака на жена, не е маж! Тие се само обични кукавици кои треба да бидат најстрого казнети. Бидејќи секој заслужува слободно да живее, без страв. За насилство нема оправдување!! СТОП ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ!!!

Автор: Тамара Стоилкова

Претходна статија

СИТЕ СМЕ НА ЗАГУБА САМО ЛИХВАРИТЕ НЕ

Следна статија

ДАДО АКО МОЖЕШ КУПИ МИ ЕДЕН ЛЕБ, НЕ САКАМ ПАРИ

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното