| |

Измени на бугарскиот закон за образование предвидуваат интензивно изучување на бугарскиот јазик за бугарските деца од странство

Министерството за образование и наука на Бугарија ги објави за јавна дискусија измените во Законот за предучилишното и училишното образование. Една од значајните измени во предлог-законот е поврзана со интензивната јазична подготовка по бугарски јазик за децата кои не го владеат, вклучувајќи ги и оние кои се враќаат од странство.

Обучението ќе се реализира во две форми: индивидуално – за децата од 1. до 7. одделение, кои ќе го изучуваат јазикот во забрзана програма и постепено ќе се вклучат во одделение со останатите ученици. А за оние кои воопшто не го знаат бугарскиот, ќе се организира подготвително јазично одделение, наведуваат од МОН.

При недоволно добро владење на бугарскиот јазик, се дава можност и за повторување на прво одделение за тие деца.

Промената е неопходна бидејќи незнаењето на јазикот создава тешкотии и празнини во понатамошното учење на учениците по останатите предмети. Ова води до губење на мотивација, а во долгорочен план и до самоисклучување и напуштање на системот.



Слични Објави