СРБИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРА ЛОКАЛИТЕ ПО 17 ЧАСОТ, УТРОВО МАСОВНА ПОСЕТА И БАКНУВАЊЕ НА КОВЧЕГОТ СО ПОЧИНАТИОТ ПОГЛАВАР НА СПЦ

Кризниот штаб на Србија, предлага нови рестриктивни мерки со кои локалите ќе бидат затворени по 17 часот, освен колонијалита за храна, аптеките и бензинските пумпи.

loading...

Од Кризниот штаб апелираат на почитување на мерките при оддавање почит на починатиот поглавар на СПЦ Иринеј, чие тело утрово е изложено во соборниот храм во Белград.

Меѓутоа се гледа дека гражаните не носат маски, не држат дистанца, а некои го бакнуваат ковчегот на Иринеј.

„Имаме уверувања дека мерките ќе бидат целосно усвоени“, изјави епидемиологот Сржа Јанковиќ, членот на Кризниот штаб.



loading...

Се очекува српската Влада денеска да одлучува по предлогот сите локали да бидат затворени по 17 часот.

Јанковиќ за РТС утрово изјави дека заострувањето на мерките е потребно, пред сè, кога станува збор за објекти кои „не се итна потреба“, и притоа да се потврди обврската за носење маска и забрана за јавни собири.

Исто така, беше предложено да се носат маски во сите ситуации каде што има контакт меѓу луѓето, дури и на отворено.