| |

ДОНАЛД ТРАМП ЈУНИОР Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД – 19: ЗАРАЗЕН Е И СИНОТ НА РУДИ ЏИЛИЈАНИ

Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, оваа недела доби позитивен тест на Ковид – 19, иако нема симптоми, соопшти неговиот потпарот.

Трамп Јуниор е тестиран на почетокот на оваа недела и се наоѓа во „карантин во својата викендица од кога го добил резултатот“ – наведе потпаролот.

„Досега апсолутно немаше симптоми и ги следи сите насоки кои ги препорачуваат лекарите во оваа ситуација“.

Ендру Џулијани, соработник во Белата куќа и син на личниот адвокат на претседателот Руди Џулијани исто така соопшти дека, во петокот наутро, добил позитивен тест на Ковид – 19.

Младиот Џулијани, кој во 2017 година се придружи на Канцеларијата за односи со јавноста и владини прашања на Белата куќа, на Твитер истакна дека „чувствува благо симптоми и дека ги следи сите соодветни протоколи, кои вклучуваат карантин и информирање на луѓето со кои бил во контакт.“



Слични Објави