| |

МБП Скопје со реакција за сменетиот споменик на војводата Велко Скочивирче во селото Клепач: Извршен е злосторнички чин врз историската вистина

Здружението за Македонско-Бугарско пријателство-Скопје со реакција во однос на отстранувањето на спомен-обележјето посветено на војводата Велко Скочивирче и неговата чета во црквата Св Архангел Михаил во селото Клепач, прилепско и поставувањето на нов споменик со изменет текст и променети имињата на комитите.

Ви ја пренесуваме реакцијата на МБП-Скопје во целост:

„Отстранувањето на споменикот на прилепскиот војвода Велко Скочивирчето и неговите комити од дворот на црквата „Св Архангел Михаил“ во прилепското село Клепач и поставувањето на нов споменик со изменет текст и изменети имиња на комитите е злосторнички чин врз историската вистина. На ваков ли начин РС Македонија планира да ги реши отворените прашања со Бугарија? Историјата не треба да ни ја попречува европската иднина, велат претставниците на официјалната власт во Скопје, но сакаме да прашаме, на која точно историја мислат, таа што ја отстрануваат и ретушираат по нивен терк или на онаа вистинската, во која своето име го забележале Гоце Делчев, Никола Карев, Даме Груев и уште многу други.
Случајот со споменикот на Скочивирчето нè тера да го поставиме прашањето:
На ваков ли начин се менуваше и етничката припадност на другите македонски револуционери во минатото?
Во 21 век е недопустливо да се сквернави сеќавањето на овие луѓе што загинале во борбата за слобода на поробена Македонија! До кога ќе живееме во лаги, господа од власта?“, стои во реакцијата на МБП-Скопје.



Слични Објави