|

Медведев: Британија ќе биде наш вечен непријател додека нивниот остров не потоне

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Лондон историски покажал и ќе продолжи да покажува непријателство кон Москва.

„Британија отсекогаш била и се уште е наш вечен непријател. Така барем ќе биде додека нивниот арогантен, одвратен влажен остров не потоне во морската бездна од брановите што ќе го лансираат најсовремениот руски вооружен систем“, рече Медведев на Телеграм.

Како што јави ТАСС, Медведев ги коментираше последните санкции воведени од Велика Британија против пет лица вклучени во истрагата против затворениот руски опозиционер Владимир Кара-Мурза, кој е означен како странски агент во Русија.

Минатата недела, московскиот градски суд го осуди Кара-Мурза на 25 години затвор за предавство и ширење лажни вести за руската војска.

Покрај тоа, тој е казнет со 400.000 рубли и забрана за новинарство во траење од седум години.



Слични Објави