| |

Меѓународниот музички фестивал „Варненско лето“ започнува вечерва со јубилеен концерт

Меѓународниот музички фестивал „Варненско лето“ се отвора вечерва во 20:00 часот во Фестивалниот и конгресен центар во Варна, со јубилејно издание посветено на 100 години од создавањето на Летните музички свечености во градот, јавува БТА.

Отворањето првпат во историјата на фестивалот ќе го диригира жена – Дељана Лазарова. Ќе настапат Варненскиот симфониски оркестар, хорот на Варненската опера, Мешаниот хор на БНР и Детскиот хор „Добри Христов“.

Солисти на концертот ќе бидат Дмитриј Ситковецки, Андреј Јоница и Бари Даглас, кои ќе го изведат Тројниот концерт за виолина, виолончело и пијано во до-мажор од Лудвиг ван Бетовен.

Програмата ќе започне со рапсодијата „Вардар“ од Панчо Владигеров, музички симбол на фестивалот, а ќе биде изведена и светската премиера на кантатата-поема „1876“ од проф. Милко Коларов, посветена на 150-годишнината од Априлската епопеја.

Според Општината, годинашното издание ќе опфати над 30 настани со повеќе од илјада музичари од Бугарија, Европа и светот. Фестивалот се одржува под почесниот патронат на претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова.

Слични Објави