|

Мехмети: Станавме држави кај што ајдуците се најсилен фактор зборувајќи за Европа

„Патувајќи кон Европа, заборавивме дека изградивме општества, изградивме општества, што не само што не ги сака како такви Европа, туку не ги сакаат ни нашите млади, а не ги сакаме и ние“, изјави писателот и публицист Ким Мехмети во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

Според Мехмети проблемот на нашите држави не е во тоа што нив не ги сака Европа, туку што не ги сакаме и ние и тие држави се претвораат во непогодни места за живеење во кои не можат да остварат животните соништа на луѓето што живеат во тие држави.

„Станавме корумпирани држави, најкорумпирани држави, посебно Македонија зборувајќи дека ствараме некакви европски стандарди. Станавме држави кај што не се знае дали институциите и служат на државата или на властодржецот зборувајќи за Европа, станавме држави кај што ајдуците се најзначајни и најсилен фактор зборувајќи за Европа“, вели Мехмети.

Според него стигнавме до таму некои западноевропски стандарди да станат некои деструктивни нешта, кои нашите властодржци ги легализираат.Како пример за тоа Мехмети го истакна договарањето меѓу партиите,на кој колкав дел од пленот ќе му припадне. Пленот како што вели Мехмети е државата, нашиот труд и нашиот народ.

„Малкумина од нив искрено ја посакуваат Европа, барем таа Европа што ние ја замислуваме“, вели Мехмети.



Слични Објави