ПРАТЕНИК НА СИРИЗА ПРЕТЕПАН ЗАРАДИ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО СО МАКЕДОНИЈА
Група од околу 30 ултраси го претепале член на владејачката партија СИРИЗА во Атина поради договорот што Владата го постигна со Скопје за новото име на Македонија, јавува руската новинска агенција TACC, која се повикува на публикација во електронското издание Прототема.
Претепан е Петрос Константинас, пратеник на Сириза од Месенија. По инцидентот, тој е однесен во болница каде што дал изјава за медиумите. Според неговите зборови тој претрпел “екстремен фашистички напад во рамките на решението на македонскиот проблем”.
“Бев нападнат со зборовите дека сум ја продал Македонија. Имав среќа што останав жив “, вели пратеникот. Агенцијата истакнува дека значaен дел од граѓаните на Грција го делат мислењето дека нивниот северен сосед
нема право да се нарекува Македонија. Тие ја критикуваат владата во Атина заради договорот од Преспа кој предвидува ново име за државата – Република Северна Македонија.
