ГОСПОД ДА ТЕ БРАНИ ОД ТАП БРИЧ И ПРОСТА ЖЕНА- МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ МУДРОСТИ И ПОГОВОРКИ
- Господ да те брани од тап брич и проста жена.
- Даруш магаруш и не даруш пак магаруш.
- Верата ја мие душата а бањата снагата.
- Во вреќа скината што и да ставиш пак ќе истечи.
- За светот кој плачи без очи ќе остани.
- Дните врват, нам ни се кусат.
- Зборот дупка не дупнува, ама се памети.
- Кој во лето седи во лад, на зимо го чека глад.
- Жена лоша, вечна мака.
- Голем залак голтни и голем збор кажи.

