| |

Втор медал за Бугарија на Зимските олимписки игри! Лора Христова со олимписка бронза на 15 км во Милано-Кортина 2026

Биатлонката Лора Христова освои бронзен медал за Бугарија во индивидуалната трка на 15 километри на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026, јавува БГНЕС.

23-годишната Бугарка оствари извонреден настап, погодувајќи ги сите мети и финиширајќи на третото место, во своето второ учество на Олимписки игри.

Христова беше надмината единствено од двете француски ѕвезди – Жулија Симон, која го освои златото и покрај една грешка во стрелањето, и Лу Жанмоно, која заврши втора со две казни. Бугарката заостана 1:04 минути зад Симон и 53,1 секунди зад Жанмоно.

Другите бугарски претставнички во трката направија грешки во стрелањето и не успеаја да се вклучат во борбата за водечките позиции.

Овој медал е трет во историјата на бугарскиот биатлон на Олимписки игри:

  • Екатерина Дафовска – злато на 15 км во Нагано 1998
  • Ирина Никулчина – бронза во потера на 10 км во Солт Лејк Сити 2002
  • Лора Христова – бронза на 15 км во Милано/Кортина 2026

Слични Објави