| |

ВМРО ДПМНЕ : ЗАЕВ Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПОЛИТИЧАР ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ СЕ СОГЛАСИЛ ДА ГИ ПРИФАТИ ГРЧКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Зоран Заев е единствениот политичар во Македонија кој се согласил да ги прифати грчките црвени линии и да го избрише македонскиот идентитет, историја, традиција и култура. Зоран Заев и СДСМ ќе останат запаметени во историјата по срамното прифаќање да го сменат името и Уставот по диктат на Грција. Достоинството нема цена, но тоа го знае само народот кој има образ.

Костадин Костадиновски пред да почне да лаже за да ги покрива антидржавните политики на Зоран Заев треба да одговори дали Заев се согласи да тргува со се што е македонско за да се спаси од одговорност за милионските криминали во кои што беше фатен.

Следниот пат кога Костадиновски ќе застане пред ВМРО-ДПМНЕ нека одговори, дали Заев му ги кажал испорачаните амандмани од Грција и како ќе гласи Преамбулата на Уставот? Што е тоа што ќе биде непријатно во измената на Уставот и зошто ако се каже сега би влијаело врз одлуката како граѓаните би постапиле на 30-ти септември? Дали Костадиновски не го интересира зошто Заев и Димитров сакаат да избегаат од резултатот на Референдумот, уште сега го прогласуваат за небитен и се убедени дека капитулацијата секако ќе ја туркаат низ Собранието на Република Македонија?

Почитувани, СДСМ и натаму продолжува со манипулации во јавноста, наместо со вистински одговори кои што граѓаните ги заслужуваат: Зошто е прифатена капитулација од оваа власт, и зошто се предвидува со системското бришење на македонскиот народ, зошто СДСМ македонскиот народ и држава ги претвора во нова креација без корен и историја ?, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Слични Објави