| |

ВЛАДАТА НА СЛОВЕНИЈА ОДЛУЧИ: СИТЕ ШТО БИЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН 14-ДНЕВЕН КАРАНТИН

Словенечката влада објави дека донела одлука сите оние што доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14-дневен карантин.

Како што јавува МИА од Љубљана, ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.

„Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите оние што во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14-дневен карантин“, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците што се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.



Слични Објави