Мелони: Предлогот за преговори на Путин е пропаганда
Италијанскaта премиерка Џорџа Мелони ги отфрли барањата на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори со Украина и ги определи како „пропаганда“, јавува АФП, пренесува БГНЕС.
„Не мислам дека е многу ефикасен предлогот за преговори, кога на Украина ќе и се каже дека мора да се повлече од Украина“, рече Мелони на завршната прес-конференција на самитот на Г7 во јужна Италија.
„Ова повеќе личи на пропагандна иницијатива“, додаде таа.

