МЕРКО СЕ „ПОДНОВИЛ“ СО АУДИ А6 ЗА РЕЧИСИ 67 ИЛЈАДИ ЕВРА

Општина Струга набавила четири нови автомобили, од кои едната е луксузна за потребите на градоначалникот Рамиз Мерко. Вкупната вредност достигнува бројка од 114.000 илјади евра, иако општината за оваа набавка планираше да потроши 100.000 евра, објави Алсат.
Договорот бил постигнат на 28 ноември, денес е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Според договорот, купени се “Ауди А6”, лимузина со четири врати во вредност од 66.700 евра, “Шкода Октавија”, лимузина со пет седишта во вредност од 18.700 евра, како и две “Шкода Рапид” пет врати, во вредност од 14.205 евра по автомобил.

Извор: Фактор