Метеж на граничните премини: на Табановце и на Богородица се чека по половина час
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, објави Автомотосојузот на Македонија во најновиот извештај за состојбата на патиштата.
На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е 30-ина минути.
На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
