| |

МФ на Бугарија: Нема планови за продолжување на периодот на двојна циркулација на левот и еврото

Министерството за финансии на Бугариja соопштува дека не се одржувале, ниту се планира да се одржуваат состаноци за продолжување на едномесечниот период на двојна циркулација на левот и еврото и дека не се подготвува измена на Законот за воведување на еврото. Институцијата се спротивставува на манипулативни тврдења кои го користат нејзиното име за остварување политички цели.

Од 1 јануари 2026 година, еврото станува официјална валута на Бугарија, при што согласно законот левот и еврото ќе бидат законско средство за плаќање истовремено во период од еден месец. Овој рок е утврден по спроведена јавна расправа, усогласен е со Бугарската народна банка, други институции, Европската комисија и Европската централна банка и е во согласност со практиката во другите држави од еврозоната.

Министерството ги повикува граѓаните да се информираат од официјални извори, вклучително и специјализираната интернет-страница evroto.bg, како и веб-страницата на Бугарската народна банка.



Слични Објави