| | |

Одбележуваме 164 години од смртта на големиот бугарски преродбеник од Македонија Константин Миладинов

На 7-ми јануари 1862 г. во затвор во Цариград умира големиот бугарски поет и собирач на народни песни од Македонија Константин Миладинов. Роден е 1830 г. во Струга. Учел гимназија во Јанина. Потоа бил учител во битолското село Трново. Завршил филологија на универзитетот во Атина. Бил учител во битолското село Магарево.

Во 1856 г. заминал за Одеса и студирал филологија на универзитетот во Москва. Таму ги обработува собраните во Македонија народни песни и др. фолклорен материал. Соработник е на списанието „Братски труд“, „Бугарски книжици“ и весникот „Дунавски лебед“. Ја напушта Русија и во Виена се среќава со хрватскиот католички бискуп Јосип Јурај Штросмајер. Со негова поддршка и материална помош го издава зборникот „Български народни песни“.

Константин тргнал од Виена за Македонија, но во Белград научил, дека брат му Димитар е затворен поради интригите на охридскиот владика-фанариот. Од таму тој тргнува за Цариград со цел да му помогне. Но самиот тој е затворен и фрлен исто во цариградските зандани, каде што умира речиси едновременно со својот брат. Се претпоставува дека двајцата биле отруени од фанариотите.

„Песните, овде ке ги напечатам, зашто еден се обврза да ги свршит до конецот од април. Но ве молам, огласите, кои ги изпратив да ги раздадете со вашиот приватен лист „Дунавски лебед“, спомнувајки нешто за песните, и особено за западните во Македонија Болгари. Во мојот оглас Македонија ја нареков Западна Болгарија (како и требит да се викат), зашто во Виена грците ни заповедват како на овци. Тие Македонија ја сакат за грчка земја, и не можат дури да разберат како можит да не је грчка. А тамошните повеке од два милиона Болгари што ке ги сториме? Навистина уште ли Болгарите ке бидет овци, а неколку грци да ни бидет овчари? Поминаа тие времина, а грците ке си останат само со сладкиот сон. Песните мислам да се раздадат многу между Болгарите, и затоа и цената не ја определив голема.“

БРАЌА МИЛАДИНОВИ – ПРЕПИСКА, Писмо до Георги Раковски од 31.01.1861 г.

Слични Објави