МИ РАСКИНА…
Ми раскинаа… не, не ми раскинаа, само ме тргнаа на страна, како стар искористен предмет кој го оставаат на полица, бидеќи е жално да го фрлиш. Кога се обидов да разговарам со него за да ги разјаснам работите само слушнав. „Не, не знам навистина што ти е тебе? Еве ќе видиш, ќе се средам, ќе средам некои работи и ние обавезно ќе се видме повторно!“ И навистина се видовме, поточно јас го видов како се шета прегрнат со убава руса девојка на кејот.
Не памтам како сум стигнала до дома, како во сон. Превезот ми падна од пред очи и наеднаш ја осознав целата ситуација. Одамна требаше да прекинам да се залажувам себе си и да го отерам…подалеку. Но како што обично се случува, секогаш се трудиш да не мислиш на најлошто и беспомошно се надеваш.
Мудар човек е тој, рече: „Првите 72 часа е најтешко, потоа станува се полесно“. Можеби е така. Само додека поминат тие 72 часа може да полуди човек. Што мене и полека и ми се случуваше… Полека влегував во состојба на целосна блокада, болката и страдањето ме преполнуваа и беа готови да се прелијат во реки солзи. Но некако бев потисната и сили за солзи немав, лежев немо на креветот, се ѕверев во таванот и го слушав баналното отчукување на часовникот.
Мислите ми ги прекина ѕвонењето на вратата. Никого не сакав да видам. Ја отворив вратата и го гледам Никита – мојот комшија од горниот спрат, може да се каже најдобриот другар. Не верувам во пријателство меѓу маж и жена, но ние како да бевеме исклучок.
И кога го видов, насмеан и ведар, наднаш посакав да го прегрнам, на му се доверам и да им дадам шанса на солзите. Но тогаш ми текна на нашиот разговор, кога тој ми побара совет, што да ѝ подари на некоја девојка која му се допаѓала и која се чини дека почнува да ја засакува. Тогаш не знаев што да одговорам, ама сега, ете, стоев пред него, целата скоро распадната и за жалење и реков:
„Подари ѝ рози, 129 парчиња – го памтиш муабетот. А сега оди си, сакам да бидам сама“. Ја затворив варата, не дочекав ни одговор и солзите сами потекоа.
Веќе се стемни. Јас стоев на прозорецот во темнината и гледав надвор. Повторно ѕвонење. Кој е пак сега. Ја отварам врата нервозно без да проверам и застанувам изненадена. Почнувам да плачам по втор пат, но овој пат. Од среќа.
На вратата гледам огрома кошница наполнета со големи пурпурни ружи. Веднаш до неа стои Никита со шише вино во рацете. Во неговите очи го гледам својот одраз. Нашиот одраз.
