ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОРГАНИЗМОТ КОГА Е ТОПЛО?

Еве како жештината влијае на организмот на човекот

Жештината доведува до прегревање на телото, тогаш температурата на кожата се зголемува, се интензивира потењето и на тој начин се нарушува балансот на водата и минералите во организмот. Поради таа причина, слузта што се лачи на местата највеќе изложени на инфекција како што се устата, носот, очите итн, почнува да се подсушува со тоа нејзината заштитна моќ се намалува и организмот станува многу поподложен за влез на микроорганизми. Кај децата особено овие процеси брзо се одвиваат, бидејќи нивните механизми за термо-регулација сè уште се не доразвиени,. Токму затоа не ретко кај децата се сретнуваме со тешки вирусни инфекции среде лето.

Жештината ги погаѓа и муслулните ткива. Тие не се хранат доволно, работоспособноста паѓа, се појавува умор и нелагодност. Човечкиот организам видливо реагира на ваквите удари од надвор, и никогаш не смееме да заборавиме дека неговите физиолошки можности не се безгранични и треба разумно да се однесуваме во летните денови.

Затоа општите препораки се: за време на топлите бранови на секој начин да му се помогне на телото да постигне рамнотежа, да се внесуваат многу течности, да не се преотоварува преку мера и по можност да се олади просторијата во која се престојува колку што е можно повеќе.

 



Слични Објави