МИЦЕВСКИ ДО МАНЧЕВСКИ: ИЗБОРИТЕ ГИ ДОБИВТЕ САМО СО ВЕТУВАЊЕ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ, А СЕГА НИ ТОА НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ОБЕЗБЕДИТЕ
Пратеникот во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во синоќешното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија му порача на Дамјан Манчевски министер за информатичко општество дека владата на СДСМ носи популистички мерки и воопшто не води грижа за нивно здравје, додавајќи дека ветувале решавање на проблемот со загадениот воздух, а сега не донеле ниту една конкретна мерка.
Минатата година сами себе си протестиравте пред владата, со маски. Министрите и градоначалникот на Град Скопје си протестираат сами на себе пред Влада, ајрозагадување, ајрозагадување, на тоа ги добивте изборите во Скопје. Секој градоначалник рече дека ќе го реши загадувањето, а сега што имаме? Скопје е најзагаден град во светот. И што правиме за тоа? Освен мерката за 20 оџачари што Град Скопје ги субвенционира ние немаме друго решение. Зошто е тоа така? Затоа што популистички влеговте во оваа мерка, му порача Мицевски.
СДСМ не се способни да ги продолжат започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ
Вие требаше да ги продолжите само проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна. Експресниот пат Штип-Кочани, проектиран, обезбедени средства, а проектот се уште каска во место. Експресниот пат Штип – Радовиш во иста состојба, а пазете додека ние ги носевме средствата за овие експресни патишта, пратениците од СДСМ урлаа во Собранието како ова не се добри проекти, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вчерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.
Мицевски истакна дека владата на СДСМ со новиот анекс на договор ќе потроши дури 180 милиони евра за клучките на автопатот, потенцирајќи дека додека биле во опозиција често ја критикувале ВМРО-ДПМНЕ дека земала провизии, па истакна дека за ова еден ден актуелното раководство на владата на СДСМ ќе одговора.
Што правиме за овие 180 милиони евра дополнително. Велевте дека е згрешена трасата, на крајот излезе дека столбови од далноводи требало да бидат преместени, а се крена толку голема врева. Веќе неколку месеци прашувам кога ќе биде пуштен автопатот Миладиновци – Штип добивам одговор наредниот месец, додаде тој.
Координаторот смета дека владата на СДСМ е веќе две години е на власт а нема реализирано ништо од тоа што го ветувале, нагласувајќи дека не само што не ги реализирала туку немале ни во план да ги реализираат со што дрско ги изманипулирала и излажала граѓаните.

