|

Мицкоски: 1090 проекти за 100 дена се промените кои носат иднина

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ отпочнаа 1090 проекти низ целата држава, рече денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски на настанот „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Од овие повеќе од 1090 проекти кои се започнаа со реализација, Мицкоски вели дека дури 166 се капитални објекти низ целата територија на државата.

– Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206  улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии, рече Мицкоски.

Истакна дека ќе продолжат да работат за промени кои, како што нагласи, мора да се подлабоки и пошироки.

Мицкоски потенцира дека Владата молчи кога станува збор за спорот со Бугарија.

– Владата прво ја одби понудата за национален консезус и единство за прашањето со Бугарија, сега не се изјаснува ниту за гаранции за историјата и јазикот, идентитетот. Тоа говори само за едно, дека Ковачевски преговара лош договор далеку од очите на јавноста. Затоа апелирам на разум и на заштита на националните и државни интереси, како и општествена мобилизација на сите фактори влијателни во Македонија, рече Мицкоски.

Ковачевски, додаде тој, нека ја искористи нашата подадена рака за национално единство, капацитетите на МАНУ, Универзитетите, мудрите луѓе.

– Нека побара гаранции за нашиот идентитет и така со сочувано достоинство заедно да се бориме за европската иднина на Македонија. Време е да се остават нишаните, партиските поделби, и мора да дадеме одговори на вистинските потреби на народот. И ова се мали чекори, но со огромна важност. Ние имаме одговорност во име на сите овие луѓе да водиме и да одиме напред, целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави