МИЦКОСКИ: КРИЗНА СОСТОЈБА ЗА ЗАМАЈУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА

//

Согласно со препораката од Советот на безбедност, Владата ја започна постапкатаза прогласување кризна состојба на целата територија на државата за ефикасно справување со последиците од ковид-кризата. За таа цел, донесено е решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именувани Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи, и Беким Максути, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Стојанче Ангелов е именуван и за член на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Во Законот за управување со кризи како „кризна состојба” е дефинирана состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција и/или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси.

Пред осум месеци и сега

До пред осум месеци власта тврдеше дека немаме ресурси и дека ќе нема ефекти од воведување кризна состојба, реагираше вчера лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со став дека ова е чекор назад во борбата со Ковид-19. Тој на Фејсбук и преку видео потсети на некои од изјавите пред осум месеци, во кои премиерот Заев тврди дека воведувањето на кризна состојба „нема да ги даде очекуваните ефекти од безбедносен и здравствен аспект“, а претседателот Пендаровски дека „немаме ресурси тоа да го покриеме“.



„Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло – со помали шанси за злоупотреба. Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава“, потсети Мицкоски.

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Deutsche Welle

Претходна статија

БЕСПЛАТНИ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА ХИВ ОД ДЕНЕС ДО 27 НОЕМВРИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР НА ХЕРА

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ДОКТОРИТЕ СЕ ПОД ОГРОМЕН ПРИТИСОК

Најново од Вести