ВУЧИЌ: ДОДЕКА СУМ ПРИ СВЕСТ НЕМА ДА ДОЈДЕ ДО ПРИЗНАВАЊЕ НА КОСОВО

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека доколку поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај патува во Вашингтон по конечен договор, „може веднаш да го врати својот авион и воопшто да не патува“.

loading...

„Ние одиме во Вашингтон за да разговараме за темите за кои веќе разговаравме. Немаме проблем да разговараме за секоја тема. А да разговараме за статусот и да биде како што тие замислиле, а тоа е тие да добијат сѐ а ние ништо и ние нив да ги признаеме па тие нас демек ќе нѐ признаат – тој филм нема да го гледаат“, кажа Вучиќ.

Според него, додека е тој при свест и додека рационално може да размислува нема да дојде до признавање на Косово.

Тој истакна дека „во политичка смисла и на политички начин“ ќе даде сѐ за да ги зачува српските храмови на Косово.

„Не можете да гарантирате кога немате фактичка власт. Дури ни за време на војната немавме целосна власт и нема да биде лесно. Но верувам дека со постојано укажување и политичка борба ќе успееме да ги зачуваме нашите храмови“, кажа тој.


loading...

Поранешниот премиер на Косово и лидер на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај изјави во четвртокот дека не ја исклучува можноста на средбата на делегациите на Косово и Србија, која на 2 септември се одржува во Вашингтон да се постигне конечен договор за меѓусебно признавање во постоечките граници.

„Тоа не е невозможно, и Србија и Косово треба да дадат епилог на меѓусебниот договор. Постои и таа можност, да ја наречам, пред договорот, за економскиот аспект, за кој се зборува“, кажа Харадинај за програмата на албански јазик на Радио слободна Европа.