Мицкоски: Мафијата не била само во МВР туку и во дипломатијата, оваа власт продолжува да ја срами државата

/

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава во пресрет на настанот за Промоција на кандидатот на градоначалник на општина Гази Баба, во врска со скандалот со македонските дипломати, истакна дека мафијата не била само во МВР туку е распространета и во македонската дипломатија, a оваа власт продолжува да ја гуши и срами државата.

-Кога на почетокот ја обелоденивме оваа афера со лажните пасоши, со пасоши кои се даваат на балкански нарко-босови, тогаш од страна на власта бев обвинет дека сум саботирал акција која била во тек, сега видовме дека мафијата не е само во МВР, туку мафијата своите пипци ги пуштија и во дипломатијата, затоа имаме случај каде по дипломатски канали биле евакуирани лица кои биле барани преку Интерпол и останатите партнерски држави, истакна Мицкоски.



Тој вели дека она коешто ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше пред неколку месеци денеска продолжува да ја срами и да ја гуши Македонија, вовлекувајќи ја во ова политичко мочуриште коешто заедно оваа влада на СДСМ и ДУИ го донесоа во Македонија.

Претходна статија

(Видео) „Српски свет“ во Црна Гора

Следна статија

Ахмети: За корупцијата не е одговорна само политиката – АА: Корумпираните не можат да се борат против корупција

Најново од Вести