МИЦКОСКИ: НАМЕСТО ДА ЗАБРАНАТ КОРУПЦИЈА И КРИМИНАЛ, ТИЕ ЗАБРАНУВААТ УПОТЕБА НА ТЕРМИНОТ „МАКЕДОНИЈА“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил напиша дека наместо да забранат криминал и корупција, оваа власт ја забранува употребата на терминот „Македонија“. Ова доаѓа откако се појави документ, кој наводно е потпишан од Бојан Маричиќ испратен до одредена невладина организација која сакала да се вика „Македонија“. Наводно во дописот пишува дека согласно спогодбата со Грција овој термин не смее да биде употребуван.

