| |

МИЦКОСКИ: НЕМА ДА ПРИЗНАЕМЕ ПОПИСНИ РЕЗУЛТАТИ АКО НЕ СЕ СПОРЕД МЕТОДОЛОГИЈАТА НА ЕУРОСТАТ

ВМРО-ДПМНЕ ќе признае единствено попис кој што ќе се одвива според ЕУРОСТАТ методологијата, изјави синоќа лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

Во настапот на телевизијата 21 тој рече дека треба да се прави разлика меѓу она што е резидентно население и дијаспора и дека тоа се два различни поими.

-Таков тип на резултати ние нема да признаеме, се знае што значи според ЕУРОСТАТ и според методологијата што е прифатена попис на население и домаќинства. Ова е евиденција на дијаспора и како евиденција ќе ја третираме. Точно се знае што значи евиденција на дијаспора, точно се знае што значи попис на резидентно население. Јас тоа не го измислувам, тоа е би рекол во првите три реченици во методологијата на ЕУРОСТАТ, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Маричиќ не може да кажува тој што сака, се знае попис е операција која што се одвива според ЕУРОСТАТ методологијата.

-Еве јавно и транспарентно кажувам во вашата емисија дека она што ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе го признаеме тоа е населението кое што е резидентно. Односно кое што ќе се попише тука во септември месец помеѓу 5-ти и 30-ти септември. Останатото е дијаспора што се евидентира, рече Мицкоски.



Слични Објави