МИЦКОСКИ ОД БИТОЛА: САКААТ ОД ВЛАСТА ДА НЕ НАПРАВАТ РАМНОДУШНИ ДОДЕКА ЈА ПЉАЧКААТ И РАСПРОДАВААТ ДРЖАВАТА, ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Мицкоски во своето обраќање истакна дека она што следува е период во кој власта ќе заплашува, само за да го свртат вниманието од глвните теми и да може да продолжат со криминалот кој се одвива на големо.

– Ќе се обидат да продадат колективна депресија, политичка репресија, нереалното да го продадат како реално, невистината лагата како вистина, понижувањето како победа, распродавањето како купување. Сето тоа браќа и сестри има една цел а тоа е да не направат рамнодушни додека тие ја пљачкосуваат и ја распродаваат Република Македонија тоа е нивната цел. Не смееме да тоа да им го дозволиме, не смееме да бидеме рамнодушни мора да пркосиме и да бидеме бунтовни, и ова не го кажувам како политичар, го кажувам како Христијан Мицкоски како човек со сиот свој чест, интегритет и образ. Образот е огледало на секоја личност и ова го правиме за нашите соседи, ова го правиме за нашите роднини, ова го правиме за нашите пријатели и конечно ова го правиме за нашите семејства, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека економијата тоне, додека единствено што се качуваат се трошоците кои ги наметнува владата.

– Реализираниот буџет за првите 4 месеци од оваа година, ќе забележите дека по основ на акциза собрале 23 милиони евра, тоа се ваши пари, зашто, затоа што тоа се парите кои вие секојдневно ги плаќате преку нафтата полнејќи ги резервоарите во своите возила. И ја плаќате поскапата акциза за да може Зоран Заев да дава тендери, за да можат камионите на семејството имаат повеќе километри, за да можат да никнат повеќе хектари марихуана во Република Македонија. Е тоа е она што успеа да го направат. Не може веќе тоа да го дозволиме. Нема веќе оваа држава простор за такви политичари. Мора да им кажеме доста е и за тоа да одговараат, не може судијата да го објави Заев и да не направи слепи при очи и глуви при уши, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека ветувањето за 500 евра просечна плата оваа влада нема да го оствари, и тоа самите го предвидуваат во нивната фискална стратегија, што значи дека се фатени како свесно ја лажат јавноста и граѓаните.

– Само пред некој ден пред мене стоеше и викаше да ние ќе испорачаме 30 илјади денари, а заборави да каже дека неколку дена претходно во владата испечатил документ кој се нарекува фискална стратегија, каде што предвидел пораст на номиналната нето плата за 2018-тата година во вредност од четири проценти, а за 2019-та и 2020-та соодветно 4,4 проценти. Ако имаме предвид дека 2017-тата ја завршивме со просечна плата од 23 илјади и 850 денари и сето тоа го помножиме со оваа претпоставка дека ќе растат платите, тогаш на крајот од неговиот мандат под услов да нема предвремени парламентарни избори, просечната номинална плата нето плата не може да надмине бројка од 27 илјади денари. Лаже, ама ај што лаже и суши од лажење. Ако таа номинална нето плата ја деноминираме со стапката на инфлација која што ја предвидел дека ќе биде 1,7 проценти, тогаш можеме да кажеме дека овие 23 илјади и 850 денари во декември 2017-тата многу повеќе ќе вредат од тие 27 илјади во 2020-тата година. Тоа е она со кое што Зоран Заев ги убедува граѓаните и се обидува со вакви лаги да се одржи на власт, но ние тоа нема да му го дозволиме, истакна Мицкоски