Мицкоски по средбата со Ковачевски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени останува непроменет
По лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски кажа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени во вакви услови е непроменет.
„Ставот е ист и непроменет и покрај бројни шпекулации дека се обезбедени 80 пратеници, дека се преговара со не знам колку пратеника. 44 пратеници на коалицијата предводена од ВМРО_ДПМНЕ стојат на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин ние нема д поддржиме и тоа беше јасно кажано на средбата со Ковачевски“, рече Мицковски.
Тој рече дека е поддготвен да разговара со неколку премиери на земји членки на следниот состанок на Европскиот совет да изгласат потврда и гаранција дека не се загрозува македонскиот вековен идентитет, традиција, обичаи и македонскиот јазик.
„Да видиме дали е тоа така како што велат и со тој документ да дојдеме пред ,македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува зад многу вековниот македонски идентитет, култура, традиција обичаи, македонски јазик и дека ЕУ има јасна цел Македонија да биде дел од европското смејество. Потоа да побараме економски пакет за граѓаните и за бизнисот да биде подготвен и да биде конкурентен на европскиот пазар. Една од темите беше и за добрососедските односи. Би сакал да бидам добар сосед со Бугарија, но очекувам и тие да бидат добар сосед со нас. Од оние завршени 14 судски случаи пред европскиот суд, од кои шест се конечни Бугарија да одбере три и да ги имплементира . За нив постои предупредување до Бугарија од Советот на министри дека ќе следат санкции ако не постапи по нив. Ако примени три ќе речеме дека добро е од Бугарија има добрососедски намери и нашинците што живеат таму ќе почувствуваат дека некој стои зад нив“, рече Мицковски.
