| |

МИЦКОСКИ: РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ДОНЕСЕ МИР, НО ДЕНЕС ДРЖАВАТА ДОЖИВУВА ПОРАЗИ

Најпрвин да ја поздравам македонската јавност, денеска е годишнина од потпишување на Рамковниот договор и еве слушнавме дека станува збор за полнолетство ако не се лажам. Инаку 2001 година резултираше со еден конфликт во кој што беа изгубени човечки животи,трагични моменти и  за семејствата, но и за сите граѓани во Република Македонија, голем број на раселени лица, голем број немили настани се случуваа и сето тоа резултираше со потпишување на овој договор.

Овој договор имаше една цел, а тоа беше нели  постигнување траен мир кој што се случи тогаш и понатаму се случија сите оние реформи во општеството во Република Македонија, кои што следуваа како резултат на Рамковниот договор кој што беше  потпишан тогаш, изјави Христијан Мицкоски.

Слични Објави