| |

КАНАДА БАРА КАМИОНЏИИ – ПЛАТА НАД 4,000 ЕВРА

Канада бара шофери за работа!

Властите на Њу Бруншик, Канада, започнаа пилот-програма за вработување на имигранти кои после пристигнувањето во земјата би работеле како возачи на камиони.

Во периодот од 2015 до 2017 година, 390 возачи на камиони дошле да работат од странски земји, и тоа од Велика Британија, Бугарија, Полска, Украина и Јужноафриканската Република. Се разбира некои од возачите веднаш штом добиле дозвола за престој , отишле да работат во големите градови и на запад со што ситуацијата станала уште посложна.

Канада објави дека на транспортниот сектор му недостасуваат 48.000 возачи за да ги покријат потребите на целата земја, оваа квота потребно е да се исполни до 2024 година.

Платата за возачи се зголемува од ден на ден. Новите возачите на камиони, годишно заработуваат околу 80.000 канадски долари (околу 51.457 евра), а во некои делови од земјата оваа сума се искачува и до 100,000 канадски долари (околу 64,361 евра) годишно.

Слични Објави