МИЦКОСКИ СЕ ИЗЛЕКУВА ОД КОРОНАВИРУСОТ

//

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се излекува од коронавирусот. Тој објави дека од денеска се враќа на работа.

„Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. По 23 дена борба со коронавирусот и 12 дена поминати на Инфективната клиника денеска е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи. Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница ‘Мајка Тереза’. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство“, напиша Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати апел до сите да се чуваат себе и своите најблиски.



„Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите. Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и криминална влада уште пожестоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе. П.С. Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!“, напиша Мицкоски.

Претходна статија

ЕВИДЕНТИРАНИ 121.520 ЛИЦА ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈАТА ЗА САМОПОПИШУВАЊЕ

Следна статија

МАРИЧИЌ ВО БРИСЕЛ НА СРЕДБИ СО ЕВРОКОМЕСАРИ И ЕВРОПРАТЕНИЦИ

Најново од Вести