| |

МИЦКОСКИ : СО ДОГОВОРОТ СЕ ПОДРИВА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ, НЕМА ДА СЕ СЛОЖИМЕ ДА СМЕ НАРОД БЕЗ КОРЕН И ДРЖАВА БЕС ИСТОРИЈА

Христијан Мицкоски денес оддржа говор на протестниот марш кој ВМРО ДПМНЕ го оддржа во Кичево. Според Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ и Македонците никогаш нема да сложат дека се народ без корен а Македонија е држава без историја. Тој нагласи дека ВМРО ДПМНЕ е за влез на Македонија во ЕУ и НАТО но без капитулантскиот договор од Преспа, а Заев лажно се претставува дека е за ЕУ а жив е фатен со рацете во медот, нешто то го нема во ЕУ. Воедно Мицкоски дел од своето обраќање посвети и за пренагласена употреба на графикони од негова страна при што изјави : Сакаме општество на слободни луѓе. Слободите не се подаруваат тие секогаш се освојуваат. Основата на сите други слободи е економската слобода на човекот, токму таа која нај веќе трпи сите овие години. Затоа луѓето не разбираат зошто сум толку многу загрижен за она што и се случува на Македонија на економски план, па знаат да ми замерат да ме искритикуваат дека дека се бавам со споредни работи, дека давам изјави на социјалните медиуми и им досадувам со некои таму бројки и графикони. Тие бројки и графикони директно влијаат на вашето секојдневие, на вашиот семеен спокој, тие директно влијаат квалитетот на животот на вашите семејства. Тие бројки и графикони избркаа за жал илјадници наши сограѓани, браќа и сестри, роднини и пријатели, секој ден од нивната грутка родна Македонија да по белиот свет го печалат лебот за своето семејство и за своите најблиски. На крајот од своето обраќање Христијан Мицкоски изјави дека Македонија е нашето се, и таа на крајот мора да победи.



Слични Објави