МИЦКОСКИ: СВЕТСКА БАНКА ПОТВРДУВА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА РЕФОРМИ
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски изјави дека извештајот на Светска банка за „Дуинг бизнис“ потврдува дека во земјава има економско цунами, со падот од 7 места во последниот извештај. Мицкоски ова го темели, на како што вели фактите кои покажуваат дека реформи и државата оди назад.
– Светска банка потврдува дека во Македонија нема реформи, не се подобруваат состојбите во економијата нема можности за економските субјекти и граѓаните да се олеснуваат процедурите. Тоа е точно назадување во однос на последниот извештај. Македонија има сериозен пад во сите индикатори. Вкупно се 10 индикатори. И нашите индикатори се лоши и загрижувачки. Со вакви резултати ќе не врати назад пред 10 години кога бевме во фаза на реализација на многу бројни реформи – рече Мицкоски на денешната прес-конференција во партиското седиште.