| |

МИЦКОСКИ ВО СТРУГА ЈА ОБЈАСНУВА ПОЈАВАТА ЗАЕВИЗАМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, каде оствари средба со граѓаните, и партиските членови и симпатизери.

Мицкоски ги сподели ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат со актуелната ситуација која владее низ државата, а граѓаните се повеќе ја чуствуваат, лошата економска состојба, секојдневното вработување на партсики членови на СДСМ и роднини на нивните функционери.

Очигледно непотизмот како канцер се шири и преставува составен дел на Заевизмот, но вистинската хаварија е тоа што позади секој од тие 28 илјади ново вработени партиски луѓе, стои најмалку еден разочаран граѓанин и млад човек, кој учел, се боре низ животот, неговото семејство вложувало и се надевало. Сега кај секој еден од нив помислата е една, како може да ја напуштат државата затоа што со оваа власт тука иднина нема. Тоа е страшната последица на Заевизмот  данокот кој го плаќа секој еден граѓанин, посочи Мицкоски.

Во текот на средбата Мицкоски, граѓаните ги запозна со идеите и кампањата на кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова, со кој ќе го урне заевизмот, и црнилото кое ја ништи земјата секојдневно. Заевизам како појава што ја има зафатено целата држава според него со три збора и тоа се: кажува, заборава и негира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави