МИЦОТАКИС: ЕВРОПА И ПОКРАЈ ВОЗДРЖАНОСТА, ГИ ДРЖИ ОТВОРЕНИ ВРАТИТЕ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Ја користам можноста, верувам изразувајќи го ставот и на премиерот Борисов, да уверам дека Европа и покрај воздржаноста, ги држи отворени вратите за Западен Балкан и дека со соодветните предуслови, сонот за полуостров на мир и слобода во економијата, идеите, движењето на луѓето и производите, може да стане реалност, а знамето на Европа, во некој момент да се вее како во Тирана, така и во Скопје, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Самитот во Солун и истакна дека патот на сите балкански држави кон напредок „беше и е заедничка визија“, што започна со Солунската агенда, а во градот во кој што се роди, вчера одново беше потврдена, јавува Фокус.
Претседателот на владата на Грција се осврна на трите грчки насоки во однос на Балканот и Југоисточна Европа: зајакнување на билатералните односи со сите земји од регионот; цврста поддршка на европската перспектива и промоција на поврзувањето во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и дигиталната економија, а паралелно откри дека шефот на грчката дипломатија подготвува инцијатива за Скопје и Тирана од Атина.
Целиот напис прочитајте го овде.