| |

„МИЦУБИШИ“ ИЗЛЕТА ОД ПАТ, ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА

Жена е тешко повредена откако со автомобил „Мицубиши лансер“ излетала од патот Кавадарци – с.Росоман, кај с.Рибарци.

Несреќата, се случила вчера вечерта околу 21 часот. Со возилото управувала Ж.С.(38) од Кавадарци.

Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.



Слични Објави