МИГРАНТ ОСУДЕН ЗА НАПАД СО НОЖ ОТКАКО НОВИНАР ГО ПРОКИУМЧАРИЛ ВО ШВЕДСКА

Сириски мигрант прокиумчарен во Шведска од новинар кој работи за националниот радиодифузер, е осуден за кривични дела извршени со нож, пренесува „Брејтбарт“.

Осудениот 20-годишен Сириец бил прокиумчарен во Шведска во 2014 година од новинарот Фредрик Аневал и тројца негови колеги од шведскиот радиодифузер СВТ.

Според извештајот на Nyheter Idag, мигрантот бил уапсен минатата година во април за носење нож во Упсала, а сега е осуден и му е изречена казна од 2.000 шведски круни.

На Аневал, кој минатата година беше осуден за криумчарење на Сириецот , му беше дозволено да ја задржи својата работа во СВТ. Директорот за човечки ресурси и комуникации на компанијата изјави дека иако тимот ја напушти својата новинарска мисија во овој случај, тие дејствувале на хуманитарна основа, а не за лична корист.

Набргу по пресудата, Аневал изјави за СВТ дека телефонски бил во контакт со Сириецот и тврдел дека има работа и дека се школува.

Извор: Макфакс